Дупнал гуми на полициско комбе и избегал

Дупнал гуми на полициско комбе и избегал

 

Во петокот во периодот по 23 часот во Битола пред кафе бар „Јагода“, непознато лице искористувајќи прилика додека полициските службеници биле ангажирани на акциска контрола, со остар предмет ги дупнало предната и задната лева гума на службено возило (комбе), сопственост на МВР на РМ, по што го напуштил местото на настанот.

 

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф/бс