Црна хроника
Кривична пријава за лажниот инспектор што измамил кумановец дека ќе му го ослободи синот од затвор
Лажен полициски инспектор зел 20 илјади евра од Кумановец, ветувајќи му дека ќе му помогне неговиот син да излезе од затвор.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М. (44) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот во текот на јули 2016 година лажно претставувајќи се како полициски службеник – инспектор во одделот за оружје и дрога при СВР Тетово, го довел во заблуда оштетениот Н.Б.(69) од Куманово ветувајќи дека ќе му помогне неговиот син да излезе од затвор при што земал вкупна сума од 20.000 евра или 1.230.000 денари. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.