Црна хроника
Лажен инспектор зел 20.000 евра од жител на Отља за да му го ослободи синот од затвор
Тетовец измамил жител на кумановско Отља, ветувајќи му дека за 20.000 евра ќе му го извади синот од затвор.
Измамата во ПС Гази Баба, ја пријавил Н.Б. (68) од Отља, кумановско, кој рекол дека во текот на јули 2016 година од страна на лицето Н.М. од Тетово му била извршена измама за сума од 20.000 евра.
На една средба во ресторан во Сарај со Т.Б, ќерка на пријавителот и со нејзина другарка пријавениот Н.М. им се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје во СВР Тетово и доколку им затребал истите можеле да го побараат. Тогаш Т.Б му кажала дека нејзиниот брат Б.Б. е во затвор, на што тој им кажал дека има пријатели во затвор и во суд и дека можат да ги исклучат камерите за тие да го посетат.
По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Т.Б. на Н.Б. му кажала дека се потребни поголема сума на пари за ослободување на Б.Б., за што тој прифатил и одвоил 20.000 евра, кои му ги дале на Н.М.
Кога Н.Б. во септември отишол на посета кај синот во затвор и го прашал дали дошол адвокатот, истиот појаснил дека до сега немал посета од никого во затворот, по што Т.Б. и Н.Б. неколку пати се обиделе да го добијат телефонски Н.М., но истиот не се јавувал. Кога тој ги барал телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20 000 евра. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.