Ограбена обложувалница во Скопје

Ограбена обложувалница во Скопје

 

Во саботата околу 15 часот во Скопје на ул.„Лазо Трповски“ во обложувалница „Златна Копачка“ од страна на непознато лице вооружено со огнено оружје-пиштол било извршено разбојништво над вработениот при што биле одземени сума на пари од околу 100 илјади денари.

 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР./крај/мф/бс