Ограбена обложувалница на Партизанска

Ограбена обложувалница на Партизанска

Вооружен разбојник во средата вечер ограбил обложувалница лоцирана на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Како што соопшти полицијата, сторителот со закана со пиштол одзел околу 200.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст