МАКФАКС

Поведена постапка против организирана криминална група поради трговија со дрога

Поведена постапка против организирана криминална група поради трговија со дрога
19.03.2017, 13:24

 

По налог од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во саботата Министерството за внатрешни работи започна оперативна акција против организирана криминална група, која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава.

 

По поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола и Арачиново, надлежен јавен обвинител постапувајќи против шестмина осомничени до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор за пет лица и мерка – Куќен притвор за еден од осомничените.

 

Лицата се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

 

Во исто време надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредби за вештачење на траги од наркотична дрога, вешачење на ДНК, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции. Вештачењата се во тек. Двајца од осомничените не се достапни на органите на прогонот./крај/мф/бс

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *