Црна хроника
Полицијата го бара убиецот на жената во Охрид
СВР Охрид презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „разбојништво со последица смрт“ извршено во понедленик, на улицата „Галичица“ бр.31/21 во Охрид.
СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11.30 часот до 19.25 часот, влегол во станот на Спаса Б. (67) од Охрид, со опасно орудие-најверојатно нож ја нападнал и ѝ задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите.
По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот.
На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Охрид во содејство со полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на Јавниот обвинител, денеска врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.