Црна хроника
Прилепчанец ја силувал невенчаната сопруга на брат му која била дваесет години постара
Прилепчанец ја претепал и ја силувал невенчаната сопруга на неговиот брат.
Во понеделникот вечерта, половина час по полноќ, триесетгодишен жител на прилепско село зел автомобил „глф 4“, во сопственост на негов соселанец и отишол во плевната каде неговиот педесетгодишен брат и неговата две години постара невенчана сопруга чувале стока.
Кога неговиот брат излегол, насилникот ја удрил жената и насилно ја внел во возилото по што заминале по стариот пат од Прилеп кон Велес.
Во текот на патувањето истиот постојано ја удирал жената, а во еден момент возилото се расипало и застанале. Насилникот излегол од возилото и повторно неколку пати ја удрил жената во пределот на главата и истата ја силувал на предното седиште од возилото.
Потоа заедно отишле во објектот на една фирма каде од чуварот побарал мобилен телефон за да се јави на неговиот брат. Откако разговарал со братму заминал во непознат правец, а жената останала во објектот. Таа му кажала за настанот на својот сопруг, по што тој телефонски пријавил во ПС- Прилеп. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на осомничениот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.