МАКФАКС

Пукање кон куќа во Арачиново

Пукање кон куќа во Арачиново
18.03.2017, 11:55

 

Во петокот околу 18 часот 20-годишниот Г.Н. од Арачиново, пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот во дворот од семејната куќа три непознати лица дошле пред неговата куќа (во која што во тоа време, покрај него биле уште и неговата мајка, брат и сестра). Лицата почнале да тропаат на вратата од дворот од куќата и да извикуваат погрдни зборови, а потоа, ја отвориле портата и едниот од нив, вооружен со пиштол, влегол во дворот и испукал два куршума во воздух.

 

Г.Н. истрчал од домот во дворот од куќата и затекнал непознато лице, кое што во раката држело пиштол вперен кон куќата, а забележал и други лица кои се обидувале да го извлечат вооружениот надвор од дворот. Потоа, лицата влегле во возило, а кога Г.Н. се поткачил на ѕиданата ограда од дворот вооруженото лице кое што седело на возачкото седиште низ отворениот прозорец испукал еден куршум во правец на пријавителот.

 

Набргу по настанот, Г.Н. излегол од дома и движејќи се пеш околу 19,00 часот, го забележал истото возило (во коешто биле сите трите лица) како повторно поминува пред неговата куќа. Притоа, не застанувајќи пред куќата, некој од сторителите испукал, најверојатно, во воздух уште неколку куршуми, а веднаш потоа, движејќи се со возилото повторно во правец на главната улица, се оддалечиле во непознат правец. Увид  на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а од лице место подигнати се три чаури. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс

 

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *