МАКФАКС

Тешка кражба во Македонски Брод

Тешка кражба во Македонски Брод
19.03.2017, 12:42

 

Во саботата во 23 часот во полициската станица Македонски Брод, 58-годишниот М.В. пријавил дека истиот ден во времето од 18 до 23 часот од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во неговата куќа.

 

Крадецот насилно ја отворил влезната врата извршил пребарување при што пронашол и одзел 10 златници во вредност од пет илјади евра, рачен часовник во вредност од 300 евра и 40 евра, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело, додаваат од МВР./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *