Црна хроника
Тешки кражби во скопско, битолско и во црква
Тешки кражби се случиле за време на викендот, па така од куќа во Илинден ограбен е сеф, во кој имало многу пари, златен накит и парфеми, додека од куќа во битолско украдени се денри, долари евра и злато.
Д.Т. (36) од населбата Илинден-Скопје пријавил дека во периодот од четвртокот до саботата непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот насилно влегол внатре и по извршеното пребарување во една соба пронашол метален сеф кој насилно го отворил и од истиот одзел 1.200.000 денари, 10.000 евра, 2.000 американски долари, разновиден златен накит и седум парфеми. Во друга соба пронашол и одзел женски паричник во кој имало 2.000 долари, 3.000 денари и 270 српски динари, По што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Во недлеата пка, во периодот од 19.30 до 22.30 часот во село Братиндол, битолско, во куќата сопственост на Б.И. (52), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и по извршено пребарување по собите одзел 341.800 денари, 5.740 австралиски долари, 300 канадски долари, 4.120 евра и златно ланче со привезоци. Веднаш потоа сторителот го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Во црквата „Св.Петар и Павле“ во село Долна Бањица, гостиварско, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот влегол во црквата и одзел 2.500 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен ученик во основно училиште во Влае: скршил дел од инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници
Вчера, во 12.40 часот, во основно училиште на подрачјето на населбата Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавната установа за згрижување деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал и соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.