МАКФАКС

Четворица повредени во сообраќајна несреќа кај Подмоље

Четворица повредени во сообраќајна несреќа кај Подмоље
16.03.2017, 12:17

Четири лица се здобиле со телесни повредени во сообраќајната незгода што, во средата во 18 часот и 15 минути се случила на магистралниот пат Подмоље-Струга, информираат од СВР Охрид.

Повредените Н.С. (39), О.С. (35) и едно малолетно лице, сите од Охрид, со амбулантно возило се префрлени во Општата болница во Струга, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во болницата, на понатамошно лекување задржан е С.Д. (52) од струшкото село Радолишта.

Во сообраќајната незгода учествувале возило Трактор со приколка ИМБ со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.К. (43) од струшкото село Мороишта, патнички автомобил марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управуван од С.Д. (52) од Радолишта, патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски ознаки управувано од Н.С. (39) од Охрид, во кој како сопатници биле О.С. (35) и малолетното лице.

„Сообраќајната незгода е случена поради целосна неосветленост на тракторот и приколката полна со земја, односно негово управување по магистралниот пат од Подмољје кон Струга без запалени сигнални светла. Во критичниот момент, во задниот лев дел од приколката удрил автомобилот „Мерцедес“ кој се движел во истата насока. Ова возило, од силината на ударот се занесло кон спротивната коловозна лента и со задниот лев дел удрило во предниот дел од автомобилот „Форд Фокус“ кое, по магистралниот пат се движело во правец од Струга кон Подмољје“, се вели во соопштението од СВР Охрид.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид извршиле полициски екипи од полициската станица за безбедност во сообраќајот од Струга. крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *