МАКФАКС

Четиргодишно дете нападнато од глутница кучиња, со тешки повреди префрлено на Ургентен во Скопје

Четиргодишно дете нападнато од глутница кучиња, со тешки повреди префрлено на Ургентен во Скопје
17.03.2017, 13:52

Четири годишно дете од с. Бачиште, кичевско вчера е нападнато од глутница кучиња.

Поради тешките повреди, во пределот на главата и на стомакот, по укажаната медицинска помош во Општата болница во Кичево, тоа итно е префрлено на Ургентниот центар во Скопје.

Како што информира МВР, настанот се случил вчера околу 11 часот во селото Бачишта, во момент кога детето само излегло од куќата каде што живее со семејството и поминувало преку нива, со цел да појде до соседната куќа каде што бил неговиот татко.

Тогаш го нападнале повеќе кучиња скитници, но и кучиња кои се појавиле од соседната штала со овци, сопственост на лицето Ш.В. (49) од истото село, кој кучињата ги чувал пуштени односно необезбедени.

По консултации и дадени насоки од Основното јавно обвинителство во Кичево, на местото на настанот извршен е увид по што ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против општа сигурност.”крај/мф/кс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *