Црна хроника
(ВИДЕО) Монте Карло под блокада: Вооружен грабеж на холивудски начин – ограбена продавница за накит, имало пожар и полициска потера
Престрелка во Монте Карло. Вооружени ограбувачи нападнаа продавница за накит од брендот Cartier. За да го одвлечат вниманието на властите, криминалците запалија огромен пожар кој се наоѓа во близина тунелот. Најмалку еден од ограбувачи е повреден во престрелката со полицијата.
Грабежот наликувал на холивудски акционен филм. Стотици туристи ја гледаа со ужас акцијата на криминалната банда, која го подметна пожарот во тунелот, познат по тоа што низ него поминуваат болидите од светската трка за “Формула 1”.
Додека спасувачките служби се обидуваа да го изгаснат огнот, најмалку тројца ограбувачи влегле во продавницата, лоцирана на светски познатиот плоштад на казина и избегале со огромен плен. Само пред две години, во мај 2015 година бутикот за накит на Cartier во францускиот град Кан беше нападнат од разбојници, кои успеаја да се офајдат со драгоцености вредни над 15 милиони фунти./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.