Црна хроника
Викендот во Скопје 30 сообраќајни незгоди, четворица со тешки и 20 со полесни повреди
Во текот на изминатиoт викенд на подрачјето на Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди, од кои четири со тешки телесни повреди, 15 со телесни повреди и 11 со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лица добиле тешки телесни повреди, а 20 лица лесни телесни повреди.
Санкционирани се 91 возач бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената. Исто така, 14 возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, шестмина возачи неправилно се престроиле, а еден неправилно престигнувал. Истовремено, 68 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи: 60 управувале возила пред да стекнат право за управување моторно возило, шестмина биле возачи почетници, а дванаесетмина управувале возила под дејство на алкохол.
Исто така, од сообраќај се исклучени 42 возила: од нив 40 возила биле нерегистрирани, едно возило е исклучено поради претовар, а едно возило било технички неисправно. Во однос на пешаците, четворица пешаци се санкционирани бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин, а петмина поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 285 мандатни платни налози, а 153 возила се подигнати со „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.