Црна хроника
Во Скопје седум сообраќајни незгоди, три лица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и четири со материјална штета. При сообраќајните незгоди три лица добиле лесни телесни повреди. Санкционирани се 28 возачи бидејќи возеле со поголема брзина од дозволената. Покрај ова, 19 возачи се исклучени од сообраќајот: 14 поради тоа што управувале возила пред да стекнат право за управување моторно возило, тројца биле возачи почетници и двајца возеле под дејство на алкохол.
Исто така, од сообраќај се исклучени 12 возила, од нив – 11 биле нерегистрирани, а едно возило поради претовареност. Еден возач е санкциониран бидејќи не дал првенство на минување на пешаци.
Во однос на пешаците, 23 пешаци се санкционирани бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 112 мандатни платни налози, а 70 возила се подигнати со „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.