Црна хроника
Дрски крадци испразниле куќа во Арачиново – го принудиле сопственикот да им ги даде 120.000 евра
Непознати крадци влегле во куќа во Арачиново и под присила со пиштол му одзеле на соптвеникот 120.00 евра, кои претходло легално се добиени од продажба на недвижен имот.
Настанот се случил 28 март. околу 05.15 часот. Кражбата, преку телефон е пријавена во ЕИК. Лицето Б.С. (20) од Арачиново пријавил дека три непознати маскирани лица извршиле разбојништво во куќата на неговиот татко.
Сторителите влегле преку незаклучената врата и отишле во спалната соба во која спиел неговиот татко И.С. (45), кој го разбудиле со закана со пиштол, по што отишле во собата каде што спиел Б.С. и од под креветот одзеле актовка во која имало 120.000 евра заедно со документ дека се подигнати од банка.
Парите потекнувале од продажба на недвижен имот (нива). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.