Црна хроника
Жена добила тешки изгореници при пожар во куќа
На улицата Сава Ковачевиќ во Куманово во куќа, сопственост на Ч. К., избил пожар, при што целосно е опожарено приземјето на куќата. Од пожарот С. К.(60) стекнала тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар – Куманово, по што поради сериозноста на повредите, со возило на итната медицинска помош е пренесена во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.
Во тек е истрага за причините за пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против две лица од Струга: се расправале со гости во кафеана, оштетиле неколку автомобили, истепале охриѓанец, па биле агресивни со полицајците
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.С. и 36-годишниот С.К., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување на службено лице при вршење службени дејствија“, извести МВР.
„На 13.04.2024 во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, тие предизвикале расправија со присутните гости, а потоа пред објектот оштетиле неколку автомобили и физички го нападнале вработениот А.Н.(38) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга“, соопшти МВР.
Двајцата агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои пристигнале на местото и преземале службени дејствија.
Црна хроника
Кривична против четворица охриѓани, изградиле станбен објект без одобрение за градење
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 79-годишниот М.А., 60-годишниот В.М., 58-годишниот Ј.К.К. и 49-годишниот С.Т., сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, извести МВР.
„Тие, на катарстарска парцела во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседуваат правосилно одобрение за градење издадено од надлежен Државен орган, изградиле станбен објект“, соопшти МВР.
Црна хроника
Кривични против две лица: измамиле сопружници од Струмица за 182.000 денари
СВР Струмица поднесена кривична пријава против 32-годишниот Б.Н. од Скопје и 24-годишниот З.М. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, извести МВР.
„Пријавените, на почетокот на мај 2023 измамиле сопружници од Струмица на начин што понудиле да им помогнат за брзо аплицирање на кредит во висина од 900.000 денари, по што во неколку наврати им дале вкупно 182.000 денари“, соопшти МВР.