Црна хроника
Жестока тепачка во Дебар, еден завршил во костозглобна
Во тепачка меѓу четири возрасни лица во Дебар, еден се здобил со тешки повреди и е префрлен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Како што соопшти полицијата, во четвртокот, во 19.40 часот во Дебар на ул. „Таса Мартиноска“ дошло до нарушување на Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата А.К. (19) и Б.К. (26), од една страна, и од друга страна лицата М.Р. (40) и М.Ф. (35), сите од Дебар.
Во тепачката М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, кој по укажаната лекарска помош во Општа болница Дебар бил префрлен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата се повредени
Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.