Црна хроника
Кривична за охриѓанецот што повреди дете со сечење дрво
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност” и ,,тешки дела против општата сигурност” СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (40) од охридското село Велгошти.
На втори овој месец околу 13 часот, на депонија „Буково“,С.Ѓ. вработен во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, како чувар на депонијата, при сечење на буково дрво со дијаметар од 17 сантиметри и должина од 14,5 метри, повредил малолетно лице родено 2005 година од Битола.
Малолетникот заедно со неговиот татко, престојувал во шатор на депонијата „Буково“ каде С.Ѓ. вршел сеча на дрва. Притоа, дрвото кое тој во моментот го сечел со моторна пила, паднало врз шаторот и го удрило малолетното лице во пределот на главата, од што тој се здобил со фрактура на главата.
Откако ја забележал повредата кај малолетникот, пријавениот С.Ѓ. веднаш го пренел до своето возило и заедно со неговиот родител, го префрлиле во Општата болница во Ресен од каде, со медицинско возило итно бил транспортиран во болницата во Битола. Оттука, поради предизвиканите тешки телесни повреди, малолетникот е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.