Црна хроника
Кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на А1он
Министерот за внатрешни работи Агим Нихиу во четвртокот соопшти дека е поднесена кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на А1он, додавајќи дека СВР Скопје во наредните денови ќе поднесе кривична и против други лица кои се осомничени во случајот.
„Станува збор за нападот на новинарите А1он со можност во наредните денови кривичната пријава да се дополни со соодветни факти и докази во однос на другите осомничени во овој случај. Никој не е над законот, секој еден ден ќе сноси одговорност“, изјави Нухиу.
„Денешниот ден е важен за нас поради тоа што почнува една нова практика, МВР се става во заштита на уставните вредности во Македонија, а слободата на говорот и медиумите е една од темелните демократски вредности на Уставот. Ова е првпат МВР отворено да застане во одбрана на работата на новинарите и работата на ЗНМ, што нема поинаква цел отколку да ја промовира слободата на говорот и професионалното новинарство“, изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
Од СВР Скопје соопштуваат дека кривичната пријава е поднесена против против 37-годишниот М.К. од Скопје, кој се товари дека на 27-ми февруари, заедно со уште едно засега непознато лице, во централното градско подрачје со употреба на физичка сила нападнале и поврдиле двајца новинари од медиумот А1он./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.