Црна хроника
Кривична против двајца дилери на дрога
Единица за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата С.Т. (44) и Ѓ.Г. (30), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
На 11-ти овој месец, по претходно добиени сознанија и со наредба од Судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле претрес во куќата на девојката на С.Т., каде пријавениот привремено престојува, при што биле пронајдени и одземени 223,79 грама исушена марихуана и семки од марихуана спакувани во три најлонски кеси, 8,43 мл масло од хашиш, како и две ваги со остатоци од марихуана. Пријавениот, кој е познат дилер на наркотични дроги, во текот на овој месец дрогата ја набавил од засега непознати лица, ја препакувал и почнал да ја продава на уживатели од Скопје.
Исто така на 20-ти овој месец, по претходно добиени сознанија и со наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот и другите простории на Ѓ.Г., при што се пронајдени 12 полиетиленски кесички за улична продажба, четири поголеми кесички, три тегли и една кутија од цигари во која имало наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 598,28 грама, три зипер кесички во кои имало растителни семки со вкупна нето маса од 2, 70 грама, како и дигитална вага на која се пронајдени остатоци од различни опојни дроги. Пријавениот Ѓ.Г. во текот на овој месец, од засега непознато лице, ја набавил дрогата и ја препакувал во помали пакувања со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје.
Од страна на Судија на претходна постапка на двете лица им е одредена мерка притвор. На С.Т. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека Ѓ.Г. доби притвор во траење од осум дена./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.