Црна хроника
МВР: Едно лице само се пријавило, а разговарано е со уште две лица за настаните во Собранието
Во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, на 13.05 и 14.05.2017 година од страна на СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности и вршен е преглед на видеозаписи, а во насока на идентификување на други лица учесници во настаните кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело.
„На 13.05.2017 година, по претходно доставени покани, во просториите на СВР Скопје бил извршен разговор со лицата Д.С. (39) од Скопје и А.Б. (60) од Тетово. По извршениот разговор истите се ослободени, а во консултација со јавен обвинител против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.05.2017 година, во 20.50 часот, во полициска станица само се пријавило лицето Н.М. (34) од Скопје, против кое претходно беше поднесена кривична пријава во врска со настаните во Собранието и за кое беше распишан централен распис. Лицето било задржано во полициска станица по што на 14.05.2017 година, во периодот од 01.00 до 01.30 часот, од страна на полициски службеници, а согласно судска наредба, било спроведено до Казнено-поправната установа Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје, во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје, и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните, се вели во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.