Црна хроника
Најден застрелан маж на Раштански пат со пиштолот до него
Во вторникот попладне, во 17.15 часот во Скопје, на обиколницата кај надвозникот за Раштански пат, до едно возило пронајден бил машки леш со прострелна рана во главата.
Покрај телото имало пиштол. Од страна на полицијата излезено било на местото на настанот и констатирано било дека се работи за З.Џ. (42) од Скопје.
Увид извршиле Јавен обвинител и ОКТИВ. По наредба на обвинителот над телото ќе се врши обдукција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.