Црна хроника
Одмрзнувале плинска боца и се здобиле со изгорници
Двајца битолчани одмрзнувале плинска боца, при што по експлозијата што ја предизвикале се здобиле со изгореници.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот околу 18.50 часот во Битола на ул. „Поречка“ во куќата на В.С. (52), при одмрзнување на замрзната плинска боца со импровизирана греалка во леген со топла вода, настанала експлозија и пожар, при што В.С., како и уште едно 17-годишно лице се здобиле со изгореници од втор степен по телото, по што биле пренесени во болницата во Битола.
Пожарот бил изгаснат од страна на противпожарната служба на Битола. Увидот на местото на настанот ќе се доврши во текот на денов./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.