Црна хроника
Паланчанец претепал Црногорец во Скопје
Маж од Крива Паланка, претепал, најверојатно со боксирач, тинејџер од Црна Гора со привремен престој во Скопје.
Имено, во петок, половина час по полноќ, во Скопје на бул. „Кузман Јосифоски-Питу“ И.Ц. (38) од Крива Паланка физички го нападнал Л.Р. (19) од Црна Гора, со привремено живеалиште во Скопје удирајќи го неколку пати најверојатно со боксирач во пределот на главата.
Веднаш по нападот напаѓачот со возило го напуштил местото на настанот. Околу 1 часот тој бил запрен на автопатот Скопје-Куманово кај клучка „Илинден“ по што бил приведен и задржан во ПС-Кисела Вода.
Повредениот Л.Р. со брза омош бил пренесен во Градската општа болница каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување. Причина за нападот најверојатно е расправија околу љубовна врска со девојка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.