Црна хроника
Повредени велосипедист и пешак
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на градот Скопје се случија 10 сообраќајни несреќи. Во шест сообраќајки, потешко се повредени еден велосипедист и пешак, а други пет лица се здобиле со полесни телесни повреди. Кај останатите е евидентирана материјална штета, информираат од СВР Скопје.
Во контрола на сообраќајната полиција се регистрирани 17 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а двајца поминале на црвено светло на семафор.
Други 15 возачи управувале возило со измината важност на сообраќајна дозвола, како и без возачка дозвола. Во 11 случаи лицата не користеле сигурносен појас и зборувале на мобилен телефон.
Исто така, полицијата регистрирала 43 непрописно паркирани возила. Со пајак се отстранети 50 непрописно паркирани возила. Санкционирани се и 5 пешаци, кои по разни основи направиле соодветни прекршоци.
Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници за учници од второ одделение во ООУ „Партение Зоографски“ во Општина Кисела Вода. крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.