Црна хроника
Притоврени двајца кичевци поради продажба на наркотици
Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А. А. (34) од Кичево и Л. Ф. (24) од село Мамудовци, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неoвластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Полицијата извршила претрес на 12.3.2018 година во домот на двете пријавени лица во Кичево, каде што двајцата живееат под наем. На влезот во зградата од слобода е лишен А. А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, а при влегувањето во станот од страна на неговата девојка Ф. Л. бил даван отпор и таа ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствја. Дополнително, таа успеала на покривот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин, кои подоцна биле обезбедени.
При извршениот претрес во домот пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.