Црна хроника
Продавачка уби маж во крушевско Светомитрани
Во петок наутро, околу девет часот продавачка во локална продавница, во крушевското село Светомитрани, убила соселанец, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вработена во „Пусо Пром“, М.П. родена во 1983-та година, по кратка расправија постојат основи на сомнение дека со пушка пукала кон Н.Д., роден 1973-та година, при што истиот починал на лице место.
Повикан е јавен обвинител, а Секторот за внатрешни работи – Битола извршил увид во присуство на обвинителот. По негова наредба телото е однесено на обдукција. Жената е приведена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против директорот на ЈП “Стрежево” од Битола: набавил стар ратрак а го платил како да е нов
Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП “Стрежево” Битола, за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и “злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.
Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег – ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП “Стрежево” Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП “Стрежево” Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист.
Црна хроника
Мопед излетал од патот, возачот тешко повреден
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата Стамен Манов во Кочани, В. Џ. (51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница во Кочани.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Кочани.
Топ
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот, заедно со уште три лица, провалил во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго дејствувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа тој и другите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор, сега осомничениот, заедно со другите лица, влегол во просторијата наменета за вработените, од каде што ги одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата соопшти дека работи на откривање на неговите соучесници.