Црна хроника
Пукање кон куќа во Арачиново
Во петокот околу 18 часот 20-годишниот Г.Н. од Арачиново, пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот во дворот од семејната куќа три непознати лица дошле пред неговата куќа (во која што во тоа време, покрај него биле уште и неговата мајка, брат и сестра). Лицата почнале да тропаат на вратата од дворот од куќата и да извикуваат погрдни зборови, а потоа, ја отвориле портата и едниот од нив, вооружен со пиштол, влегол во дворот и испукал два куршума во воздух.
Г.Н. истрчал од домот во дворот од куќата и затекнал непознато лице, кое што во раката држело пиштол вперен кон куќата, а забележал и други лица кои се обидувале да го извлечат вооружениот надвор од дворот. Потоа, лицата влегле во возило, а кога Г.Н. се поткачил на ѕиданата ограда од дворот вооруженото лице кое што седело на возачкото седиште низ отворениот прозорец испукал еден куршум во правец на пријавителот.
Набргу по настанот, Г.Н. излегол од дома и движејќи се пеш околу 19,00 часот, го забележал истото возило (во коешто биле сите трите лица) како повторно поминува пред неговата куќа. Притоа, не застанувајќи пред куќата, некој од сторителите испукал, најверојатно, во воздух уште неколку куршуми, а веднаш потоа, движејќи се со возилото повторно во правец на главната улица, се оддалечиле во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а од лице место подигнати се три чаури. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.