Црна хроника
Сосед кираџија ѝ барал пари, па ѝ украл 500 евра
Сосед се заканувал на жена со која делеле ист двор, за да му даде пари, а кога таа избегала, ѝ украл 500 евра од дома.
Во четвртокот, околу 15 часот во Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар Стари“ А.И., кој живеел под кирија во истиот двор со Ш.А. (49), извршил разбојништво во нејзиниот дом. А.И. ја искршил влезната врата, влегол внатре, и со вербална закана побарал пари од неа.
Откако Ш.А. успеала да избега, А.И. извршил пребарување и од нејзината чанта одзел 500 евра по апоени од 100 евра. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.