Црна хроника
Ја нападнал и полугола ја оставил љубовницата на улица во Скопје
Жена со повреди на лицето и телото била најдена во центарот на Скопје, а во таа состојба ја довел поранешниот љубовник, која ја нападнал, ја соблекол и ја оставил на улица.
Според полицискиот извештај, во неделата во 19.45 часот било пријавено дека на ул.„Аминта III“ имало женско лице со повреди во пределот на главата и телото. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за В.П. (52) од Скопје. Таа рекла дека била пресретната од нејзиниот поранешен пријател со кого била во љубовна врска кој со возило ја однел во близина на последна автобуска постојка во населбата Железара, каде и го соблекол долниот дел од гардеробата, физички ја нападнал и ја оставил полу гола.
В.П. потоа со такси возило дошла на горенаведената улица. Од страна на Итна медицинска помош, била пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот како и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.