Црна хроника
Тројца мртви во напад со Молотов коктел во Лос Анџелес
Непознат напаѓач фрлил Молотов коктел во деловни простории во Лос Анџелес и притоа загинале три лица, објави весникот The Los Angeles Times, кој се повикува во извори во полицијата.
Една од жртвите уште била жива кога на местото на нападот пристигнале пожарникарите, но бидејќи мажот се наоѓал зад врата којашто била заклучена спасувачите не успеале да дојдат до него и да му ја укажат неопходната помош, поради што тој починал од здобиените повреди, изјавила портпаролката на канцеларијата на шерифот на округот Лос Аџелес, Грејс Медрано.
Канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес не објавила за каков објект станува збор, но според сознанијата на весникот се работи за продавници за автомобилски бандажи и гуми.
Сведоците кои повикале брза помош, изјавиле дека го виделе осомничениот како фрла Молотов коктел во објектот, а потоа побегнал од местото со бел пикап „шевролет силверадо“.
Полицијата отворила истрага, но засега нема осомничени или приведени за нападот. Се утврдува и дали нападот е изведен со коктел молотов или со запалива бомба./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.