Црна хроника
Кражба во Тетово – сопственикот пукал по крадците
Четири непознати лица синоќа откако влегле во куќа во Тетово, украле накит и пари во вредност од околу 13 илјади евра
Четири непознати лица синоќа откако влегле во куќа во Тетово, украле накит и пари во вредност од околу 13 илјади евра, додека синот на сопственикот на куќата бил во подрумот. Деветнаесетгодишниот Б.С. излегувл од подрумот кога ги забележал крадците. Тој го зел својот гасен пиштол и испукал 12 куршуми кон нив. Крадците, исплашени од газдата што им се спротивставил, избегале во непознат правец, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.Настанот се случил околу 22 часот на улицата Борис Кидрич во Тетово кога крадците од предната страна на куќата на С.С (46) се качиле на балконот од првиот кат, го скршиле стаклото и влегле внатре, каде пребарувале, додека синот Б.С бил во подрумот на куќата. Според податоците на МВР, крадците зеле 5.300 евра, 24 илјади денари, два златни ќустека долги по еден метар и поголемо количество накит. Разбојниците го украле и паричникот на младиот газда во кој биле неговите лични документи и дозволата за гасниот пиштол, како и 500 евра.Полицијата трага по сторителите, за конечно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.