Црна хроника
Второ пријавување за средните училишта
Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија се одржува во понеделник и во вторник, а прелиминарните резултати се очекуваат на први јули.
Вкупно 19 302 слободни места има за во второто пријавување во првиот уписен рок во Македонија. На македонски наставен јазик има 10 391 слободно место, на наставен албански јазик има 8083 слободни места, за наставата на турски јазик има 693 слободни места, како и 135 слободни места за повторувачите.Во Град Скопје, има 5113 слободни места. За наставата на македонски јазик има 1962 слободни места, 2822 а албански наставен јазик, додека 214 слободни места има за турски наставен јазик. За повторувачите има 115 слободни места.За гимназиско образование има 5412 слободни места во Македонија, од кои 1143 во Скопје.Во стручното образование во Македонија има 13 890 слободни места. Во Скопје за стручното образование во второто пријавување во првиот уписен рок има 3970 слободни места, меѓу кои и 170 слободни места за настава на албански јазик во средно медицинското училиште “Д-р Панче Караѓозов“, каде пријавените осмооделенци не се појавија на квалификациското тестирање на знаењето.Учениците кои не се појавија на квалификациското тестирање во средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, треба да си ги подигнат документите, доколку сакаат повторно да конкурираат во второто пријавување во првиот уписен рок.Во средата, се одржа квалификациско тестирање во СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица (на македонски наставен јазик), и СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп (на македонски наставен јазик).По првото пријавување во првиот уписен рок уписот е завршен во: СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОУ „Јане Сандански“ –Битола, СУГС „Орце Николов“ –Скопје, СУГС „Никола Карев“ – Скопје, СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје (македонски наставен јазик), СУГС „Ѓорѓи Димитров“ – Скопје (гимназиско образование), СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица.Во учебната 2008/2009 година осмо одделение завршија вкупно 27.160 ученици, од кои 17.360 ученици со настава на македонски наставен јазик, 9.178 ученици со настава на албански наставен јазик, 581 ученик со настава на турски наставен јазик, 41 ученик со настава на српски наставен јазик.Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел беа обезбедени 38% повеќе слободни места за упис во сите јавни средни училишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.