Црна хроника
Kривични пријави за лажниот штипски дервиш
Лажниот дервиш од Штип заработи две кривични пријави од полицијата за измама на двајца жители на велешко Оморани за 14 илјади евра
Велешката полиција поднесе две кривични пријави против 42-годишен штипјанец поради измама на двајца жители, инаку братучеди, од велешкто село Оморани. Тој лажно се претставувал како дервиш, кој двајцата братучеди ги запознал преку една нивна сосетка од селото.Со оштетениот 38-годишник првпат се сретнал на железничката станица во Велес.Тој се понудил да го реши неговиот семеен проблем, односно да му ја врати сопругата од која бил разведен. Лажниот дервиш го терал да му носи за баење прво храна, а потоа и пари завиткани во маица. Измамникот ја отшивал маицата и внатре ставал гранчиња пишувал ливчиња со букви кои личат на арапски и повторно му ги враќал велејќи му дека додека не заврши работата не смее да ја отшие маицата бидејќи ќе му се искриви устата и ќе му се случи нешто лошо. Во повеќе наврати така го измамил за вкупно 12 илјади евра.Истото му се случило и на 37-годишниот братучед на првооштетениот, кому лажниот дервиш му ветил дека со баење ќе им помогне нему и на сопругата да добијат деца. ОВојапта измамата биал во висина од две илјади евра. По извесно време, кога „резултатите“ од баењето на дервишот изостанале, братучедите се посомневале во него и ги отшиле маиците, по што сфатиле дека се измамени кога внатре наместо евра нашле хартија, по што случајот го пријавиле во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.