Црна хроника
Пет Македонци вмешани во шверц со хероин вреден 15 милиони евра
Соопштени се деталите за запленетите 111 килограми хероин кои се запленети во вторникот во Благоевград, во заедничка операција на бугарската и македонската полиција
„Одделот за организиран криминал подолго време работеше на прибирање на оперативни сознанија во врска со информација за можен транспорт на поголема количина на хероин од Бугарија за Македонија. Како резултат на успешната размена на информации и соработка со бугарската Служба за борба против недозволена трговија со дрога, а во координација на СЕКИ Центарот и канцеларијата на ДЕА во Истанбул, беше спроведена меѓународна операција „Коридор” при што во вторникот вечер во Благоевград е пресечен меѓународен канал и запленети се 111 килограми хероин, соопшти македонската полиција.Дрогата била запленета во вторникот вечер во Благоевград, во заедничка операција на бугарската и македонската полиција. Во акцијата уапсени се пет македонски државјани и еден државјанин на Бугарија. Двајца од македонските државјани биле со привремен престој во Бугарија. Другите лица се идентификувани како граѓани на Скопје и Крива Паланка, а еден поседувал косовска лична карта.Дрогата требало да се преземе на подрачјето на Струга и да биде предадена на извесен албански државјанин, кој требало да ја транспортира кон земјите на ЕУ. По проценка на полицијата, малопродажната цена на оваа пратка на наркопазарите во западна Европа се проценува меѓу десет и 15 милиони евра.
Уапсен е дилер на хероин во Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.