Црна хроника
Десет играорци од Босна затруени со храна
Вчера во 23 часот и 55 минути во кичевската полиција, Државен санитарен здраствен инспектор, пријавил дека во медицинскиот центар во Кичево, околу 18 часот примени се десет лица странски државјани од Босна и Херцеговина
Гостите биле приемни на инетрното оделение на третман и примање соодветна терапија како резултат на труење со храна. Тие биле играорци од културно уметничко друштво „Веселин Маслиша“ од Сараево, кои престојувале во Охрид во студенски дом „Никола Карев“. Тие вечерале во студентскиот дом и се упатиле кон Кичево каде имале закажано учество на Меѓунареден фолклорен фестивал, во попладневните часови кога и ги добиле првите симптоми на труење со храна по што се пренесени во медицинскиот центар во Кичево.По укажаната лекарска помош од страна на персоналот на центарот и примената соодветна терапија, истите се пуштени на домашно лекување и 30 минути по полноќ се упатени за Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.