Црна хроника
Сопственик на менувачница ограбен за 50 илјади евра
Во петок малку по 22 часот во Скопје на улица „Џон Кенеди“, во вториот влез од зграда бр.27, две засега непознати лица го ограбиле 33-годишниот од Скопје, при што, според пријавеното, му се одземени околу 50 илјади евра
Разбојништвото било извршено во скопската населба Чаир, откако жртвата ја затворила својата менувачница лоцирана во Трговскиот центар „Чаирчанка“ заминал дома, при влегување во влезот од зградта во која живеел пред вратата од лифтот бил пресретнат од страна на две лица со маски на главите. Еден од напаѓачите со кундакот од пиштолот го удрило во главата притоа стрелајчи во таванот на влезот, додека другиот му ја земал кесата со знак на Т-Мобиле во која биле парите по што избегале во непознат правец. Оштетениот од страна на брза помош однесен е во скопската граска болница каде му е укажана лекарска помош и констатирана е телесна повреда, а потоа е пуштен на домашно лекување. Увид извршила екипа од крим-техника при СВР – Скопје, при што подигната е една чаура, која ќе биде доставена за вештачење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.