Контакт

Црна хроника

Дваесет полицајци сториле 12 кривични дела

Објавено пред

МВР во првите шест месеци од годинава откри 20 полицајци кои извршиле 12 кривични дела злоупотреба на службена должност и овластување. Во првите шест месеци во областа на корупцијата се бележи зголемување на бројот откриени дела за 25 проценти, во однос на истиот период лани

dobivaj vesti na viber

Откриени се вкупно 25 кривични дела (лани 20), за кои се пријавени 27 (26) сторители, а според структурата на овие дела се работи за откриени 15 (10) дела „давање поткуп“, седум (шест) дела „примање поткуп“ и три (четири) дела „противзаконито посредување“.Зголемување за 33 проценти е регистрирано и во откривањето на организираните форми на криминалитет и кај кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело“. МВР соопшти дека се откриени четири (три) такви дела за кои се пријавени 22- ца (осум) сторители, кои иако знаеле дека средствата во висина од над 170 милиони денари се прибавени со казниво дело, со цел истите да ги интегрираат во легалните приноси, ги пренесувале и ја прикривале нивната локација, а дел присвоиле и за себе.Покрај овие, откриени се и 43 (51) случаи на коруптивно злоупотребување на службената положба, во рамки на кои 98 (117) лица, повеќето службени и одговорни лица и носители на државни функции, злоупотребувајќи ја службената положба сториле 75 кривични дела од економскиот криминал и го оштетиле Буџетот на Република Македонија и акционерски друштва за повеќе од 599 милиони денари.Во анализираниот период се откриени 15 дела „давање поткуп„, во рамки на кои се пријавени 15 сторители. Притоа, во најголемиот број случаи- 13, поткупот бил понуден на полициски и царински работници со цел да не бидат преземени законски мерки, а во другите два случаи, адвокат и одговорно лице во приватна фирма понудиле поткуп на службени лица со цел незаконски да остварат одредени права. Во анализираниот период, понудениот поткуп е во вредност од пет до две илјади евра. Најголемиот број такви дела се откриени на подрачјето на Скопје и тоа четири, три се на подрачјето Гевгелија, две на подрачјето на Струмица, а останатите на подрачјето на Крива Паланка, Свети Николе, Куманово, Битола, Ресен и ДелчевоИмено, поткупот бил понуден на полициски и царински службеници на граничната контрола „Богородица“, граничниот премин „Табановце„, „Долно Блаце“, „Деве Баир“, „Ново Село“, „Делчево“, како и на гранични полицајци на гевгелиското подрачје, со цел побрзо да се помине границата, да не биде извршена пасошка контрола и контрола на сообраќајна документација, заради не поседување зелена карта и за да се овозможи илегално минување на границата. Понатаму, две лица понудиле 120 евра и две илјади денари на полициски работници со цел да не бидат контролирани патниците во патничкото возило и да не биде поднесена прекршочна пријава, а такси-возач, откако бил затекнат без документи за вршење дејност, понудил 1.000 денари на полициските работници со цел да не биде казнет. Во другите два случаи, адвокатот понудил 10 илјади евра на полициски службеник со цел да запре преткривична постапка, а одговорно лице во друштво за производство, трговија и услуги дало поткуп од две илјади евра на стечајниот управител со цел да биде избегнато изготвување на извештај.Сторителите на овие дела се осум македонски, по двајца косовски, романски и албански државјани и еден бугарски државјанин.Во случаите на примање поткуп се пријавени девет сторители, од кои петорица полициски работници, како и по еден член на одбор на доверители, професор на Филолошки факултет и секретар на Комисија во МО и офтамолог, кои заради неизвршување или постапување спротивно на службената должност примиле од 10 до 16 илјади. Најголемиот број вакви дела се откриени на подрачјето на Скопје- пет и по едно на подрачјето на Кичево и Куманово.Така, двајца полициски работници од Кичевско, заради наводна заштита од кривично гонење од управител на градежна фирма побарале два милиони денари, а потоа примиле 16 илјади евра. Двајца полицајци од скопско од возач на неисправно и нерегистрирано возило побарале 200, а примиле 50 евра за да не поднесат пријава, а полициски службеник на ГК „Долно Блаце“ примил 10 евра со цел да не изврши службено дејствие, односно да не провери документација за возило.Кривичните дела „противзаконито посредување“ се сторени од 60-годишен адвокат од Битола кој понудил 10 илјади евра на полициски службеник со цел да запре преткривична постапка, од 45-годишен секретар на лекарска комисија кој за 600 евра посредувал во издавање на одобрение за вршење воена служба и 52-годишен урбан полицаец од Скопје кој побарал пет илјади евра со цел да посредува при урбанизација на градежна парцела.Во случаите на злоупотреба на службената положба со елементи на коруптивно однесување, пријавените 98 сторители сториле 43 кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, седум дела „фалсификување исправа“, пет дела „соизвршителство“ в.в со злоупотреба, по четири дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „поттикнување“, три дела „продолжено кривично дело“, по две дела „фалсификување службена исправа“, „даночно затајување“ и „измама“ и „помагање“, и по едно дело „неизвршување судска одлука, „посебни случаи на фалсификување исправа“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и “несовесно работење во службата“ и по член 170 од Законот за стечај.Што се однесува на документираните незаконитости во овие случаи, најголемиот број од нив се сторени во работењето на акционерски друштва и тоа девет случаи, во единици на локална самоуправа и друштва со ограничена одговорност или трговски друштва – по седум случаи, во јавни претпријатија- пет случаи, а вкупната материјална штета нанесена на Буџетот, акционерските друштва и другите правни лица изнесува 599.752.029 денари. При реализација на овие случаи, утврдено е дека сторителите незаконски воделе постапка за денационализација, фалсификувале одобренија за сеча на дрва, незаконски продавале недвижни имоти, не распишувле јавни тендери за набавка на опрема, градежни и канцелариски материјали, неосновано продавале шуми и исплатувале средства врз основа на непостоечки фактури, фалсификувале документација за плати и приноси за вработени, непочитувале судска одлука и незаконски постапувале при продажба на имот, понатаму, склучувале неповолни договори за изведување на градежни работи, постапувале спротивно на Законот за стечај и Законот за просторно и урбанистичко планирање, склучувале незаконски договори за продажба на деловни простории и договори за одржување на пловни објекти и неосновано го продавале капиталот на акционерските друштва.Овие инкриминации сторителите ги направиле во својство на директори поранешни градоначалници, на членови на Управни одбори во АД, стечајни управници, на судии, референти во Фондот за ПИО, адвокати, судски извршители, началници во Генералштаб, претседатели во Комисии за јавни набавки и сопственици на фирми, како и во својство на јавен правобранител, заменик-јавен правобранител, хирург, претседател на Месна заедница и претседател во Основен суд. Покрај овие, 17 од сторителите се јавуваат во својство на вработени службени лица во Јавни претпријатија, Фондови, локална самоуправа, Управа за јавни приходи, Јавна здравствена установа, Здруженија, а 15 други лица не се во својство на службени лица, но како помагачи, соизвршители или поттикнувачи учествувале во вршењето на инкриминациите.Анализирајќи ја криминалната историја на сторителите, може да се заклучи дека 73 од нив за прв пат се пријавени за дела од економската област, додека 20 и предходно се пријавувани за вакви дела, како и дела од класичниот и организираниот криминалитет.Во овој период, мерки беа преземени и за сузбивање на коруптивното однесување на полициски работници, што резултираше со откривање на 20 полицајци кои извршиле 12 кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ . Притоа, четири од злоупотребите се откриени во работењето на полициските работници на граничните премини, „Ќафасан“ и „Табановце“ кои на странски државјани им овозможувале влез и излез од државава спротивно на законските прописи. Три се сторени од сообраќајни полицајци кои при констатирани прекршоци за не изрекување законски мерки зеле пари, стока и лажно пријавиле друго лице како сторител, две се сторени од полициски службеници со не поведување на прекршочни постапки, двајца референти се пријавени за фалсификување на шасија и внесување невистинити податоци во електронската евиденција на моторни возила, а еден раководен полициски службеник заради изготвување на службена потврда со невистинита содржина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Објавено пред

МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.

dobivaj vesti na viber

На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово

Објавено пред

Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи

Објавено пред

Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија2 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија4 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија5 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија5 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија5 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија7 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија7 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион8 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет8 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија9 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион9 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет9 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ10 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија10 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија1 ден

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија1 ден

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија1 ден

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...