Црна хроника
Пијана жена не сакала да плати патарина и предизвикала тепачка
Општа тепачка се случиla рано утрото на наплатниот пункт на автопатот Тетово-Гостивар, кога три пијани лица одбиле да платат патарина, а потоа биле нападнати од други нервозни возачи
Како што соопшти полицијата, М.П. од Скопје под дејство на алкохол управувајќи возило „сузуки свифт“, во кое како сопатници се превезувале М.Д.(31) и В.Х.-Н. (31), физички го нападнала вработениот на патарината, прскајќи го со спреј.Во меѓувреме на патарината се направила подолга колона од возила и од „бмв“ со странски таблички излегле три лица и едно од нив ја предупредило сопатничката да го тргне возилото. Откако таа одбила лицето го скршило прозорското стакло и физички ја нападнало М.Д. нанесувајќи и’ повреди на главата, додека другите две лица ја нападнале В.Х.-Н. нанесувајќи и’ повреди во главата и телото. По ова, лицата влегле во возилото и заминале во правец на Скопје. При приведувањето М.П., М.Д. и В.Х.-Н. физички ги нападнале и полицајците, нанесувајќи им видливи повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.