Црна хроника
Полициска акција во „Македонија Табак“
Голема полициска акција во кругот и просториите на фирмата „Македонија табак“, фирма во стечај, се случува во моментов, јавува репортерот на www.forum.com.mk. Полициски извори потврдуваат дека акцијата се вршела на барање на стечајниот управник
Припадници на специјалната единица на министерството за внатрешни работи обавува акција во кругот на Македонија Табак, фирма во стечај. Во зградата се сместени повеќе фирми, но како што соопштува репортерот на www.forum.com.mk, акцијата се спровдува заради Македонија Табак. Раководните лица на Македонија Табак, во моентот пристигнале во просториите на фирмата, јавува репортерот на www.forum.com.mk.
Во дворот се паркирани околу петнаесет Land rover возила и неколку полициски џипови, а вооружени полицајци го обезбедуваат просторот. Се претресуваат автомобилите на накои од вработените во фирмата. Неколку лица во цивил ги чува полицијата, пред влезот на Управната зграда. Се уште нема никаква потврда од полицијата дали се приведени, како и за полициската акција воопшто. Од обезбедувањето на фирмата, што го вршат две компании за обезбедување, велат дека полицајците биле коректни и само ги замолиле да се тргнат на страна. Од МВР соопштуваат дека се уште немаат детали за целокупната акција.
Претставници на Комерцијална банка, хипотекарен сопственик на објектот, се појавиле на лице место и соопштуваат дека во зградата има ликвидатор, по чија наредба најверојатно и се случува акцијата. Како што соопштуваат луѓето од Комерцијална банка, веројатно ликвидаторот побарал асистенција од полицијата, за обезбедување на објектот додека се врши ликвидацијата. Претставниците на Комерцијална банка влегле во објектот на разговор и да се информираат што се случува, додека претходно не можеа да стапат во контакт со никого од Македонија Табак, јави репортерот на www.forum.com.mk.
Македонија Табак е во стечај од 2000 година, а од тогаш стечајниот управник неколку пати се обидува да го продаде имотот на фирмата, најпрвин со тоа што се отвори нова фирма Македонија табак 2000. Акционерите не дозволија тоа да се случи во 2002 година, а стечајниот управник беше спречен тоа да го направи и во 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.