Црна хроника
Запленети 2.853 штеки цигари во автомобил и во куќа на скопјанец
Скопската полиција вчера привела 36-годишен скопјанец откако при контрола на неговиот автомобил и дом пронајде и одзеде 2.853 штеки разни видови цигари без контролни маркици и со странски контролни маркици. Нема информации дали овој случај е во поврзаност со синоќешната акција во „Макдонија табак“
Дел од запленетите штеки цигари биле пронајдени при претресот на возилото „опел корса“ со скопски регистерски таблички на улицата , кое го управувал самиот осомничен со иницијали Р.Ш. Цигарите биле пронајдени во багажникот во три најлон кеси. Дел од цигарите биле без бандерола, а дел со косовски и албански бандероли. Подоцна, при претресот во домот на осомничениот, полицијата пронашла уште 42 пакета и 582 штеки разни видови цигари, или вкупно 2.682 штеки цигари без соодветни контролни маркици. Според приведениот и порано извршувал ваков вид кривични дела. Цигарите ги набавувал од Албанија, од Косово и од фришоповите во Грција, а потоа ги продавал на скопски Бит Пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.