Црна хроника
Запленети 174 фалсификувани мобилини телефони
Тетовските цариници заради сомневање дека станува збор за фалификувни телефонски апарати со што се повредува прописот за заштитени права од интелектуална сопственост, одземале 174 мобилни телефони
При детален преглед на стока со кинеско потекло, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Тетово од страна на увозник од Тетово, царинските службеници откриле и поради постоење на основано сомнение дека стоката повредува права на интелектуална сопственост на заштитени трговски марки и по службена должност, привремено задржаа вкупно 147 мобилни телефони со лого на трговските марки SONY ERICSSON, NOKIA, I -PHONE и LG. Согласно одредбите од Законот за заштита на интелектуална сопственост, започна постапка за утврдување на оригиналност за истата, информираат до Царинската Управа на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.