Црна хроника
Спречен обид за криумчарење на 70 камери и фотоапарати за аукција
На граничниот премин граничниот премин Табановце-автопат при влез во Македонија е спречен обид за криумчарење на околу 70 стари камери и фотоапарати и нивни футроли чијашто вредност не може да се утврди бидејќи се наменети за аукциска продажба
Камерите и фотоапаратите биле откриени во четвртокот во камион со чешки регистерски таблички сопственост на фирма превозник од Грција, кој го управувал македонски државјанин а бил натоварено со рекламни каталози.При преглед на кабината на возилото, на креветот и до совозачкото седиште, царинските службеници пронашле четири кутии во кои се наоѓале фотоапарати и камери, кожени футроли и резервни делови за истите, произведени во Чешка во периодот меѓу 1939 и 1950 г., соопштија од Царинската управа. Всушност станува збор за стари експонати наменети за продажба во аукциски куќи во Германија, па оттаму се претпоставува дека тие би постигнале повисока цена која засега не може да се утврди .. Како што информираат од царината биле одземени вкупно 45 камери, од кои 44 Flexaret и дна Embirflex; 21 фотоапарат, од кои 15 Vega, 3 Druо, 1 Vario, 1 Prontoklap и 1 Druopta); 21 кожни футроли со делови за фотоапарати (Flexaret, Vega, Druo, Prontoklap и Meoptа).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.