Црна хроника
Кривична пријава против полицаец за нанесување „тешка телесна повреда“
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против С.А.(44), полицаец во Полициската станица Штип за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“
Пријавениот, на улицата „Маршал Тито“ во Штип, без причина, со тупаници во пределот на главата, на Д.П. од Штип му нанел тешка телесна повреда со кршење на двата предни заба. Оштетениот од ноќниот бар „Кабаре“, излегол заедно со две пријателки, кои сакале да заминат сами дома со такси возило, на што оштетениот се спротивставувал, барајќи и тој да се качи со нив во возилото, по што настанала меѓусебна расправија. Во еден момент, зад Д.П. дошол пријавениот С.А., полициски службеник, кој во тоа време бил на работа и се вмешал во разговорот со барање Д.П. да се повлече настрана. Д.П., кој бил под дејство на алкохол – 1,92 промили и имал оштетен вид на десното око, не забележал дека С.А. е полициски службеник и продолжил со претходните дејствија, по што настанала вербална расправија помеѓу нив двајцата.Бидејќи не било постапено по укажувањето на полицискиот службеник, тој со тупаница силно го удрил Д.П. во пределот на главата и од ударот му се скршиле два предни заба. Откако, оштетениот видел дека лицето што го удрило е полициски службеник, побарал да му објасни зошто го удрил и да се легитимира, а пријавениот лажно се претставил, со име кое оштетениот го запишал на ливче хартија.Иако, С.А. видел дека настанале телесни повреди кај Д.П., како службено лице не му пружил помош и без да преземе било какви други службени дејствија, го напуштил местото.По ова, Д.П. веднаш се упатил во полициска станица-Штип, каде му било земено записник за усно поднесена претставка, по што бил упатен во Медицинскиот центар-Штип заради пружање помош и обезбедување соодветна медицинска документација.По добивањето на записникот, Секторот за внатрешна контрола, презеде мерки за утврдување на фактичката состојба при што во евиденцијата при Полициската станица од СВР-Штип е утврдено дека во книгата за дневни настани, како и во билтенот за дневни настани за истиот ден заведен е настан „омаловажување на униформиран полициски службеник“ и е поднесено Барање за поведување прекршочна постапка против Д.П. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, согласно Законот за полиција и Уредбата за изменување на Уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје изготви извештај со оценка дека средствата за присилба во случајот се неосновано и неоправдано употребени.„Врз основа на ваквата оценка, материјалните докази и извршените разговори со сите инволвирани лица во настанот очигледно е дека постојат елементи што го чинат битието на кривичното дело „тешка телесна повреда”, поради што е поднесена и кривичната пријава. Покрај кривичната пријава, од страна на СВКПС до непосредниот старешина каде С.А. е вработен е изречена задолжителна мерка да покрене постапка за утврдување на одговорност“, се вели во соопштението од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.