Црна хроника
Триесетдневен притвор за осомничениот за убиството во Охрид
Истражен судија од Основниот суд во Охрид синоќа му одреди мерка притвор во траење до 30 дена на Живко Ангелески (34) од Охрид
Таквата мерка судијата ја изрече постапувајќи по кривичнната пријава што против Живко ја покрена Секторот за внатрешни работи од Охрид, поради основано сомнение дека е извршител на делото „убиство на свиреп начин“, односно дека тој е убиецот на неговиот три години помлад брат Александар.Телото на сега покојниот Александар Ангелески (31) од Охрид во четврток попладнето беше пронајдено од случаен минувач покрај патот што води кон селото Велестово. Увидот на лице место извршен од страна на вешти лица на крим-техника од СВР – Охрид и на МВР што заврши вчера, покажа оти телото на убиениот било масакрирано, односно во делови расфрлано на неколку места од двете страни на патот.Според првичните официјални наоди од спроведената истрага, Александар бил убиен во неговата семејна куќа, каде полицијата пронашла материјални докази кои укажуваат дека неговиот брат, првоосомничениот Живко е извршител на убиството. Инаку, во полициската станица во Охрид на информативен разговор биле повикани и мајката и снаата на убиениот, под сомнение за евентуална нивна вмешаност во злосторството.Полицијата поседува сознанија за одредени несогласувања меѓу браќата, но се уште не е утврден мотивот за убиството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.