Црна хроника
На „Богородица“ откриени 29 авганистански мигранти
Дваесет и девет авганистански илегални мигранти се откриени вчера на граничниот премин Богородица. Биле сокриени во камион со македонски регистарски ознаки, иформира МВР
Како што соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи, мигрантите од Авганистан биле пронајдени во камион со штипска регистерска табличка, управуван од 52 годишен жител на Радовиш. Царинските службеници се одлучиле да извршат детален преглед на камионот, бидејќи утврдиле дека тој за два тона бил потежок од предвиденото.Откако било пристапено кон контрола на товарот (портокали) при отварањето на задната врата еден од мигрантите скокнал од камионот и се дал во бегство, истиот брзо бил совладан, а вратата на камионот веднаш затворена.Сите 29 авганистански мигранти поседуваат грчки документи за привремен престој во Грција. Од разговорот со мигрантите дознаено е дека тие платиле од 300- 700 евра од човек, на две лица по националност курди во градот Патра за да им организираат превоз до Италија.Мигрантите, кои претходно преку Турција и Иран, влегле во Грција, во камионот биле натоварени доцна вечерта на 12-ти декември. Тие сега се згрижени во транзитниот центар и од страна на одговорните им е пружена соодветна медицинска нега, бидејќи дел од нив биле во влошена здравствена состојба.Возачот на камионот се брани дека не знаел ништо, ниту каде, ниту како влегле мигрантите во камионот. Во исказот пред инспекторите единствено потенцира дека се задржал 10 часа на паркингот на пристаништето во градот Патра, додека чекал траект и најверојатно ноќта додека спиел, лицата без негово знаење биле товарени во камионот Против 52-годишниот возач ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.