Црна хроника
Приведен братот на Мурат Ајвази
Полицијата го приведе братот на Мурат Ајвази, Скендер Ајвази, соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи (МВР)
„Доколку се потврди дека истиот учествувал во инцидентот и дека пукал кон полицијата, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, рече портпаролот на МВР Иво Котевски.Потрагата по 21-годишниот Мурат Ајвази од Арачиново, кој вчера побегна при обид да биде уапсен, продолжува и денеска.Ајвази, според полициски извори, најнапред побегнал со возило БМВ, но откако на возилото му се испречил трактор, тој удрил во десната страна од патот. Во автомобилот се наоѓало и 15-годишно девојче, кое поминало без повреди.Осомничениот излегол преку прозорецот од автомобилот и почнал да бега кон околните ниви, при што почнал да пука кон полицијата.Според полициски извори, тој телефонски го побарал брат му Скендер. Набргу потоа кон местото на настанот се упатил голф, со скопски регистерски ознаки, за кој се претпоставува дека бил управуван од брат му.Засега непознато лице од голфот отворило оган кон полицијата, по што автомобилот се упатил и избегал кон селото Брњарци. Екипа на „алфите“ го запрела голфот, но лицето кое го управувало избегало од него. Двете возила се наоѓаат во кругот на МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.