Црна хроника
Скендер Ајвази пред истражен судија, Мурат во бегство
Братот на Мурат Ајвази, Скендер Ајвази, вечерва ќе биде изведен пред истражен судија со кривична пријава за напад врз службено лице, потврдија од МВР
Според извори од полицијата, од земените траги, кај него било потврдено присуството на барутни честички на раката и облеката. Полицијата го сомничи Скендер дека пукал кон полицајците од „голфот“ со што му помогна на неговиот брат да побегне. Полицијата се’ уште трага по Мурат Ајвази, за кого се претпоставува дека е притаен во скопското црногорие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.